Две возила излетале од патот, повредени тројца
Во две одделни сообраќајни незгди во Струмичко и Делчевско настрадаа тројца патници, откако со возилата излетале од патот.
Имено, во неделата, во 22.28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во с.Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициско одделение Делчево.
Истиот ден, околу 22.10 часот на регионален пат с.Белотино – с.Попчево, струмичко, патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колвозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.