Две дерби пресметки во Првата македонска фудбалска лига


Во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) денеска на програмата е 13. коло со две дерби пресметки во кои второпласираната Шкендија му гостува на лидерот Работнички, додека Пелистер го пречекува Вардар.

Дуелот во Скопје е на програмата од 13 часот кога стартуваат и натпреварите Шкупи – Гостивар, Брера – Силекс, Воска – Тиквеш и Гостивар – Струга.

Неделното коло ќе финишира со големото дерби од 19 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола каде Пелистер ќе го пречека вечниот ривал Вардар пред полни трибини.

Табела: Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8.