Двајца мажи си ги истепале сопругите во скопска населба


Во изминатите 24 часа пристигнати се две пријави за семејно насилство во Ѓорче Петров.

Вчера во 16.30 часот 43-годишна жена пријавила дека на 29.07.2023 на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.П.(51), кој употребил и тврд предмет.

– Денеска (01.08.2023) во 00.50 часот во СВР Скопје, 50 – годишна жена пријавила дека на 31.07.2023 околу 22.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.С.(56), информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.