Двајца финалисти на пре- акцелераторска програма заминуваат во Израел во 2022
Минатата недела се одржа демо-ден со учесниците на пре-акцелераторската програма за стартапи во Косово и Македонија кои работат на зелена технологија, која е поддржана од Министерството за надворешни работи во Израел и директорот за Балкан, Дан Оријан, во партнерство со ПримеПоинт партнери во Македонија и партнери од Косово.
На демо-денот се претставија шест финалисти од програмата, со нивните стартапи кои се исклучително важни во процесот на трансформација на регионот во делот на зелените технологии.
Најдобрите двајца од програмата кои ќе одат на студиска тура во Израел наредната година се Сања Лазаревска од 4.22 – производство на биоразградливи хулахопки, и Софија Дачева од WISE Additive кои произведуваат мултифункционален додаток на грозје грозје.
Оваа програма има за цел да ја зближи и развива регионалната соработка на Македонија и Косово со поддршка на Израел како лидер во светот за технолошки иновации, и да креира бизнис платформа за соработка и развој.