Два пожара во едно деноноќие во општина Сопиште, почина старец, а повреден е пожарникар


Еден пожарникар од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здобил со повреди при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден во село Сопиште, Скопско, а во друг пожар во истата општина најден е починат старец.

Како што соопшти МВР, во СВР Скопје било пријавено дека пожарот настанал во куќа сопственост на А.Д.(63). Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Во СВР Скопје вчера, во 17:45 часот било пријавено дека настанал пожар и во куќа во село Нова Брезница, општина Сопиште. Во пожарот, куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.