Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки


Фото: Б. Грданоски

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска звести дека воздухот во повеќе делови од Скопје и во Струмица бил загаден над дозволеното два дена по ред. На ред се Владата и Град Скопје кои треба да донесат мерки за заштита на граѓаните од штетното влијание на загадениот воздух. 

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности  за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на  алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на  толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен  весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран  прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри  (надминување на вредноста од 150 μg/m3 во текот на два последователни денови) и  добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве  информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази  Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица.  

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните  места каде има појава на надминување на праг на алармирање. 

 

Центар 

Гази Баба 

Лисиче 

Ректорат 

Струмица

25.12.2021 

181.48 

167.48 

221.27 

186.38 

261.81

26.12.2021 

187.25 

210.89 

267.66 

204.04 

305.11

*концентрациите се изразени во μg/m3

Ваква состојба предвидува носење на следниве препораки до граѓаните:

  • да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило;
  • да се користи јавниот превоз;
  • рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;
  • за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;
  • да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;
  • печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;
  • редовно да се чистат оџаците;
  • да се одложат сите активности на отворено;
  • да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје.