Два инцидента за два дена на скопскиот аеродром: Авион пак удри во јато птици при полетување

Рано утринава околу 04:00 часот наутро авион на Аустијан Ерлајнс удрил во јато птици на скопскиот аеродром што е втор ваков инцидент во рок од два дена.„Инфомакс“ дознава дека за малку била спречена огромна трагедија на скопскиот аеродом само поради искуството и знаењето на пилотите кои ги спасиле животите на сите души кои биле на авионот.
Една од птиците речиси целосно го уништила моторот на авионот марка Ербас 320. Пилотите по големиот инцидент биле приморани да намалат брзина и воопшто да не полетаат.
Она кое што ги усложнило условите и несреќата бил фактот што авионот бил пред полетување на крајот од пистата. За среќа имало доволно простор за авионот да закочи и да се прекине полетувањето. Летот поради огромната штета на авионот бил целосно одложен.
Ова е втор ваков инцидент за два дена на скопскиот аеродром откако авион на Виз Ер удри во јато птици на полетување па кружеше околу скопскиот аеродром и принудно слета.
Справувањето со јатата птици е сериозен предизвик за сите аеродроми ширум светот, бидејќи судирот на авион со птица) може да предизвика големи оштетувања, особено ако птицата влезе во моторот. Затоа, аеродромите користат повеќе методи за одвраќање и контрола на птиците во близина на пистите. Аеродром „Schiphol“ во Амстердам, Холандија користи обучени јастреби и соколи кои ги одвраќање и заплашуваат помалите птици.