Два автомобили и камион се судрија утрово на булевар Србија


Утрово на булевар „Србија“ во правец од Кисела Вода до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион, пренесе Скопјеинфо.

Патнички автомобил марка „голф“ удрил и речиси влегол под камионот, по што камионот, удрил во автомобил марка „опел“ кој од ударот завршил на средното булеварско зеленило.

Екипи на МВР вршат увид на местото, а засега нема информации за повредени лица. 

Се очекуваат официјални информации од МВР.