Дури 500 родители против една наставничка – причината бизарна

Шерон Брнс, директорка и наставничка во канадско средно училиште, во моментот е под притисок на родителите на учениците кои преку Фејсбук откриле дека го слуша бендот „Ајрон мејден“, па поради тоа бараат таа да биде отпуштен, пишува британски „Индепендент“.

Незадоволните родители побарале смена на директорката, затоа што според нивните зборови, отворено искажува симпатии кон сатанистички симболи и окултни практики.

„Отворено прикажување на сатанистички симболи директно се противи на начелата на голем број семејства кои го претставуваат училиштето. И затоа бараме Шерон Брнс да биде сменета и на нејзино место да дојде некој друг директор, кој ќе ги претставува вредностите на семејствата во училиштето“, се наведува во петицијата која ја потпишале 553 лица.

Но, неколку ученици одлучија да застанат зад директорката. Нивната петиција до сега ја потпишаа повеќе од 22.000 луѓе. Наведоа дека не одобруваат осудување на директорката врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи и дека надлежните не смеат да го занемарат фактот дека Брнс одлично ја извршува работата во училиштето.

„Вложи многу напори за да ги научи учениците дека училиштето е место на различности и покрај се отврои соба за молитва. Ова е просторија која може да ја користат сите ученици кои практикуваат христијанство. Направи училиштето да е посигурно и е една од најдобрите и најентузијастички директорки кои ова училиште некогаш ги имало“, велат учениците во петицијата.