Дури 18 луѓе возеле без возачка дозвола, санкционирани 218 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во понеделникот продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 21 меркa за користење на мобилен телефон, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.