ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција, порача Алиу


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, смета дека ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција.

-Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава, истакна Алиу во синоќешната емисија „Клик плус“.Порача дека неговата партија Алијанса за Албанците како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата.

-Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат, посочил Алиу.Според него, за да се биде дел од Владата во последната година од мандатот, треба повеќе да се работи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи , околу ставот на Алиу, рече дека во Влада немаат никакви разлики.

„Во Влада немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме соработуваме сите министри дали Алијанса, дали ДУИ, дали СДСМ, така да апсолутно немам приметено никаква разлика во ставови или забелешки по однос на било кој од работењето на коалициските партнери и мислам дека тоа е важно, останатото нема да го коментирам“, порача Османи.

Алиу исто така зборуваше за етничката злоупотреби при вработување најавувајќи дека секој граѓанин ќе добие етнички профил доживотно.

„За да се вработите во администрација ќе имате профил во агенција за администрација. Со отворањето на овој профил и забележувањето на вашата националност, ова ќе ви остане до крајот на животот, така што верувам дека е многу добар чекор да се види барем дека ако некој подоцна злоупотреби, ќе имаме јасна слика“, рече Алиу..

Тој нема конкретни бројки за етничко злоупотреби, но ги спомена случаите што ги дознал од медиумите каде „7 Македонци се изјасниле како Албанци“ за да си обезбедат работа во јавната администрација.