ДУИ од Дебар: Ќе го поддржиме Пендаровски затоа што тука го наоѓаме и концептот на ДУИ


Демократската Унија за Интеграција во пресрет на активностите во врска со изборната кампања за претседателските избори 2019 престојуваше во Житоше, општина Долнени.
Пред членовите и симпатизерите на ДУИ присутни беа министри и заменици министри од ова партија кои се обратија пред присутните и истакнаа дека дадениот глас за консензуалниот претседател ги отвара вратите во иднина ова позиција да им припадне на Албанците.
Поранешниот пратеник од ова подрачје, Муса Ибраими истакна дека како што знаеме за претседателски избори има тројца кандидат и дека ДУИ го поддржува консензуалниот кандидат кој гарантира дека ќе го спроведе процесот на интеграција во НАТО и ЕУ без да го попречи.
 “Таму каде што е нашиот интерес, во НАТО и ЕУ, само така ја гледам перспективата на моето семејство и општеството во целина. Затоа, ние ќе го поддржиме консензуалниот кандидат Пендаровски кој е под реден број 3 во гласачкото ливче, затоа што тука го наоѓаме и концептот на Демократската Унија за Интеграција започнат уште од 2014 година”, истакна поранешниот пратеник, Муса Ибраими.
За време на денешниот ден и во сабота ќе продолжат средбите со граѓаните од страна на Демократската Унија за Интеграција и тоа во четири градови, Охрид, Струга, Битола и Ресен, каде граѓаните на овие градови ќе се запознаат со важноста за избор на консензуалниот претседател.