„Државната лотарија“ ќе ја организира новогодишната прослава – Каролина и Тамара Тодевска на плоштад


Се поставуваат новогодишни куќички на плоштадот „Македонија“ 2025 (Фото: Б. Грданоски)

Град Скопје со скромни средства ќе се обиде да го накити градот предновогодишно, а за дочекот на Нова година, прославата ја организира „Државната видео лотарија“. 

Се поставуваат новогодишни куќички на плоштадот „Македонија“ 2025 (Фото: Б. Грданоски)

Како што рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Град Скопје, „Дражавна лотарија“ ќе ја организира прославата, а негов услов бил на новогодишната ноќ да настапуваат  македонски изведувачи. Ѓорѓиевски откри дека вечерта ќе пеат Тамара Тодевска, Каролина Гочева, одредени изведувачи со македонска народна музика и три или четири дена со музика за најмалите. 

– За скопјани многу ќе значи сите да се собереме заедно да ја дочекаме Новата година на плоштадот – рече Ѓорѓиевски и ги покани сите, вечерта на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.