Дрвокрадци нападнале полицаец и оштетиле полициско возило во прилепско


Денеска кај место викано Поводеници, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација.

Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило.

Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.