Дрво падна врз жена во Скопје


Силен ветер откорна дрвја во центарот на Скопје. Eдно дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21.

Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците.

Паднати голем број дрвја, откорнати покриви и бутнати семафори е сликата која може да се забележи во поголемиот дел од градот. Oд УХМР предупредија дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

– Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, информираа од УХМР.