„Дрисла“ ќе биде казнета до 120.000 евра поради загадување на Маркова река
ЈП „Дрисла“ ќе биде санкционирана поради испуштање на вода од депонијата во Маркова река. Државниот инспекторат за животна средина, по вонредниот надзор во депонијата на 4 септември утврдил дека одредени концентрации се во рамки на дозволеното, но други се над максимало дозволената граница.
На Дрисла и е понудена постапка за спогодување за сторен прекршок кој е казнив согласно Законот за животната средина трета категорија прекршок за кој за средни трговци санкцијата изнесува 110.000-120.000 евра во мкд противвредност. Доколку записникот за спогодување не биде потпишан од страна на одговорното лице согласно регулативата целиот предмет на 25 септември ќе биде предаден на Суд, Скопје и ќе се бара санкција за правното и одговорното лице во правното лице.