Драстичен скок на цената на гасот во Европа

Цените на гасот во Европа денеска скокнаа за речиси за една четвртина, откако руски „Гаспром“ објави дека нема да испорачува гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до натамошно известување поради проблеми со турбината.
По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот во фјучерс договорите со датуми на испорака во октомври се зголеми за 30 отсто, на 272 евра за мегават час (MWh). Потоа се стабилизираше на 256 евра за мегават час, што е зголемување за 23 отсто. Споредено со истиот период лани, тоа е речиси пет пати повеќе.
Руски „Гаспром“ во петокот објави дека нема да испраќа гас во Европа преку „Северен тек 1“ до понатамошно известување бидејќи е утврдено дека од главната гасна турбина на компресорската станица Портоваја кај Санкт Петербург истекува нафта.
Компанијата ја прекина испораката минатата недела за тридневно одржување и гасот требаше повторно да почне да се движи кон Европа рано наутро во саботата.
„Тешко е да се дојде до гас – се потешко е да се замени дури и најмалата количина што не пристигнува од Русија“, објаснува соработникот на Aurora Energy Research Senior Commodities, Џејкоб Мендел.
„Во моментов има многу простор да се замени (рускиот) гас со увезен ЛНГ, но кога ќе залади и побарувачката во Европа и Азија ќе почне да се зголемува оваа зима, количината на ЛНГ што Европа ќе може да го увезе ќе биде ограничена“, додаде Мандел.
Снабдувањето со ЛНГ на глобалните пазари беше тешко и пред украинската криза, бидејќи глобалната економија во закрепнување од пандемијата го проголта снабдувањето, забележува Ројтерс.