Драматично зголемување на невработеноста во САД


Пандемијата со Ковид-19 предизвикува нарушувања на американската економија, а податоците објавени во четвртокот изутрината покажуваат силна штета направена на пазарот на трудот.

Бројот на Американци кои се пријавиле за бенефиции за невработеност се зголемил на рекордни 3,2 милиони за неделата што заврши на 21 март. Општите очекувањата беа дека ќе има 1,64 милиони побарувања. Претходниот рекорд беше 695.000 за неделата што завршуваше на 2 октомври 1982 година.

 „Милиони Американци се борат за придобивки, а тоа значи дека економијата не само што не зјапа во бездната, туку таа падна од карпата и се спушти во длабочините на рецесијата“, рече Крис Рупки, главен финансиски економист Унион банк. „Претпоставувам дека никој не знае колку далеку оди, но сигурно дека близу 10 милиони луѓе се без работа, а тоа значи дека официјалната стапка на невработеност ќе одговара на прагот од 10 отсто, што е блиску до рекордот постигнат во рецесијата 1981-82 и 2007-09 година“.

Неизвесноста е голема, па така опсегот на проценките за извештајот од четвртокот беше невообичаено широк. Економистите во Сити проценуваат дека побарувањата би експлодирале на 4 милиони. (Јаху њуз)