Драма во Кочани во пресрет на Ѓурѓовден: Крадец се заглавил на оградата на „Св. Георгиј“, интервенирала пожарната, полицијата и брза помош
Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.
Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот.
На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето.
Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и реакции кај граѓаните.