Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми


Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд попладнево го зафати Охрид.

Десетина минути, колку што врнеше дождот, ги исфрли на површина проблемите со одводот и канализациската мрежа во Стариот дел на градот.

При секој посилен дожд канализациската мрежа не може да ја прифати атосферската вода, која избива од шахтите и на површина ги исфрла фекалиите, што и не е некоја глетка, како за мештаните особено за туристите.