Доналд Трамп ја дозна пресудата пред судот во Њујорк: Избегна затвор, но и парична казна


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, казната поради финансиски малверзации ја дозна пред судот во Њујорк, кој во мај 2024 година го прогласи за виновен по 34 точки од обвинението.

Доналд Трамп на тој начин ќе биде „безусловно отпуштен“, што значи дека избегна затвор и парична казна. Судијата Хуан Мерчан од Њујорк ја изрече пресудата.

Безусловното ослободување е правен термин кој опишува ситуација кога судот признава дека е сторено кривично дело, но смета дека е „несоодветно“ да се изрекува каква било санкција, вклучувајќи парична казна, условна казна или затвор.

Трамп виртуелно присуствуваше на изрекувањето на пресудата, додека судијата Мерчан и обвинителот Алвин Брег, кој го водеше овој случај за обвинителството, беа во судницата.

Трамп направи сѐ што може за да избегне пресуда за овој случај, вклучително и обидот да го натера Врховниот суд да го „обезбеди“ со кауција. Сепак, петмина американски судии од Врховниот суд одлучија дека нивните претходни пресуди за претседателскиот имунитет не важат за овој случај.

За потсетување,  34-те точки во овој случај се однесуваат на неговата исплата од 130.000 долари на поранешната ѕвезда на филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Според пресудата, Трамп ги платил овие пари за „молк“, односно Даниелс да не ја открие аферата што наводно ја имале, што идниот американски претседател го негираше.

Меѓутоа, проблемот настанал кога правниот тим на Трамп се обидел да ја „провлече“ оваа исплата како трошок на неговата претседателска кампања, односно да ја „скрие“ од јавноста.