Донација од учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ за Турција и Сирија


Дечињата од Аеродром уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело.

На иницијатива на ООУ „Лазо Ангеловски”, советот на родители и со силна поддршка на учениците, актуелните и поранешни вработени во училиштето, локалното население изминатите денови во ова основно училиште беше спроведена хуманитарна акција во чии рамки беа собрани донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Средствата кои беа собрани во рамки на донација во текот на денешниот ден ќе бидат доставени до пунктот за донации на територијата на Град Скопје. Оваа донација е мал гест на хуманост, кој меѓу другото содржи и многу желби за животот на луѓето кои беа погодени од земјотресот, што поскоро да се врати во нормала.