ДОМ си пука во нога со намерата да ја разреши Петровска


Владата неофицијално потврдила дека ќе ја разреши директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска. Разрешувањето е на барање на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Од Владата сепак се оградија дека  согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ.

“Кадровските решенија за државните инспекторати како носители на јавни функции се дефинираат низ разговори со коалиционите партии од владината коалиција и со преземање политичка одговорност пред граѓаните од страна на секоја политичка партија за позицијата со која раководи” – велат од Владата.

Претходно, на прашање дали очекува да биде разрешена од функцијата, Петровска одби да коментира и кажа да се почека исходот од владината седница и дали нејзиното разрешување воопшто ќе биде на дневен ред на седницата.