ДОМ ќе го подржи протестот за чист воздух во вторник


Зелената партија ДОМ ја изразува својата целосна поддршка за претстојниот граѓански протест за чист воздух, во вторник од 16 часот, организиран од загрижени граѓани и здруженија.

„Борбата за чист воздух е борба за здравјето и иднината на сите нас, и затоа сметаме дека е од суштинско значење да се преземат итни мерки за справување со загадувањето.Чистиот воздух е основно човеково право со кое нема компромис! Време е надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите.

ДОМ верува дека граѓаните имаат моќ да го подигнат гласот за своите права и ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се придружат на протестот. Заедно можеме да ја смениме иднината и да создадеме здрава и чиста средина за идните генерации“, се наведува во соопштението на ДОМ.