Документарен филм „Лет меѓу џинови“: Лет со параглајдер до втората највисока планина во светот
Легендите на параглајдерството Том де Дорлодот и Хорасио Лоренс го поминаа летото минатата година во Пакистан, со што станаа првите луѓе кои летаа со параглајдер на познатата планина К2, втора највисока во светот. Еден месец од нивната авантура е снимен во неодамна објавениот документарен филм „Flying Between Giants“.
Двајцата спортисти забележаа неколку незаборавни летови во нивните кариери, но нивната последна авантура е една од најнеобичните досега. Тие први летаа со параглајдерина планината К2 во масивот Каракорум на Хималаите и се искачија на висина од 7.577 метри.
Во јули минатата година, експедицијата ги однесе во Пакистан и планината К2 (8.611 m), втора највисока во светот по Монт Еверест (8.848 m). Нивната намера беше да прелетаат нови патеки по глечерот Балторо и, доколку времето дозволи, да стигнат до самиот врв на К2.
Филмот „Flying Between Giants“ започнува со нивното напорно патување до базниот камп во Пају низ градовите Скарду и Аскола, последните траги на цивилизацијата пред глечерот Балторо. Од Пају, тие направија неколку пионерски летови до К2, истражувајќи нови рути што никој претходно не ги поминал.
Карактеристика на опсегот Каракорам е тоа што можете да летате повеќе од 100 километри на ден без никаква можност за безбедно слетување. Затоа морале прецизно да го планираат и следат времето пред летот.
Тие цело време летаа заедно, секој со себе носеше GPS, камери, дополнителен кислород, радио врска и уред за сателитско следење за безбедност, што дополнително им го зголеми товарот за 20 килограми.
Во првите три недели, со нив беше и менторот на Де Дорлодот, Шпанецот Рамон Мориљас, кој во 2009 година со парамотор достигна висина од 7.821 m.
На последниот ден од патувањето, тие отидоа на еден од најспектакуларните летови на височина што никогаш пред тѕоа не била достигната во регионот Каракорам. Оваа седумчасовна авантура ја нарекоа Грен слем, а ги посетија планините Транго Тауерс, Кулата Музтаг, К2, Броуд Пик, Гашербрум и други.
„Планините се огромни и диви. На К2 стигнавме до височина од 7.500 m и можевме да видиме сè до Кина и Нанга Прабат, оддалечени 185 километри. Можевме да ги видиме глечерот Сијачен и планините колку што се протегаше погледот. Беше многу посебно“, објасни Дорлодот.
Кога би успеале да стигнат до врвот К2, би го собориле светскиот рекорд во висина на лет со параглајдер, кој моментално го држи Французинот Антоан Жирар на 8.407 м. За тоа им требаше силен ветер од 35 до 45 км/ч. Имаа совршено ведро небо, но немаа ветер, што овојпат го оневозможи нивниот потфат.
„Ова е добар потсетник дека не секогаш одлучуваме. Природата одлучува. Ќе мора повторно да дојдеме и да се обидеме да го собориме светскиот рекорд за летање со параглајдери”, откри 40-годишниот Лоренс.
Белгиецот Де Дорлодот е редовен учесник на екстремното натпреварување Ред Бул Х-Алпи, а ова му беше седма авантура во Пакистан. Шпанецот Лоренс е легенда на акробатското параглајдерство и повеќекратен светски шампион. Дуото претходно ги здружи силите во 2020 година на проектот „Higher Ground“, незаборавно патување на Хималаите.
Комплетниот документарец може да се погледне на ТВ РЕД БУЛ.