Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ: Вимблдон – речиси невозможен


Антоан Геромета, докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ, истакна дека мали се шансите третиот тенисер во светот да игра на Вимблдон.

Францускиот стручњак за L’Equipe истакнува дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива опоравувањето на коленото и дека е речиси невозможно да се биде на 100 проценти за само три недели.

„Во 45-те минути што ги поминавме со Новак, неговиот тим и Винсент Гиар, докторот на Француската тениска федерација, бев многу отворен дека се ќе зависи од реакцијата на неговото колено. Со постепено зголемување на товарот, ќе видиме дали ќе остане „сув“ и без отоци и болки. Ќе напредува од ден на ден, но не може да се предвиди каква состојба ќе биде за една недела, две итн. Но, да се биде 100 отсто за три недели, тоа навистина изгледа тешко остварливо“, рече Геромета

Тој, исто така, се обиде да го опише своето искуство со добро познат пациент, кого го оцени како многу нормален, почитуван и трпелив.

„Новак е вистинска сила, затоа што со оглед на природата на повредата, тоа што го направи е извонредно“, вели тој. Дури 99 отсто од луѓето веројатно веднаш би завршиле во собата за итни случаи со „заклучено“ колено. Тоа е механичка блокада, а реалноста е дека само операција може да го поправи.

„Тоа ги доведува во прашање неправедните критики кон него и толкувањата на оние кои велат дека тоа не е вистинска повреда“, рече докторот.