Дојава за бомба во седиштето на владејачката италијанска партија „Браќа на Италија“
Во зградата на улицата Виа дела Скрофа во Рим, каде што се наоѓаат седиштето на владејачката партија „Браќа на Италија“, канцелариите на Фондацијата Национален сојуз и редакцијата на весникот „Секоло д’Италија“, денеска е пријавено дека е поставена бомба, по што зградата е евакуирана, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Полициски екипи ја пребаруваат зградата, со помош на кучиња трагачи, а се пребаруваат и канцелариите на партијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Додека се пребарува зградата, околните улици се затворени за сообраќај и пешаци.
Претходно денеска имаше дојава дека е поставена бомба и во палатата Киџи, седиштето на италијанската премиерка, за која се утврди дека е лажна.