Договорот на ЕУ ги зголеми шансите за обновување на европската економија


Холандскиот премиер Марк Руте, канцеларката Ангела Меркел, Урсула фон дер Лајен и Емануел Макрон на самитот (Фото: Ројтерс)

Договорот на членките на Европска унија за   планот за стимулирање економии погодени од корона-кризата ја зголеми можноста за постепено закрепнување на економијата во втората половина од оваа година, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмаер.

Алтмаер истакна дека постигнатиот договор е добра вест за милион луѓе во Германија и Европа.

– Шансата да забележиме внимателено, бавно закрепнување во втората половина од оваа година, некаде до крајот на октомври, енормно се зголеми, додаде Алтмајер.

Тој предвидува одржливо закрепнување во 2021 година и 2022 година, а очекува сите европски земји да се вратат на раст во 2021 година.

Лидерите на земјите членки на ЕУ се надеваат дека фондот за обновување на економијата во вредност од 750 милијарди евра и седумгодишен буџет од 1.100 милијарди евра, ќе и помогнат на Европа да ја надмине најдлабоката рецесија од Втората светска војна, откако епидемијата на Ковид-19 целосно ја запре економијата.