Договорен времениот режим на сообраќај додека се гради автопатот Прилеп – Битола


 

Општина Битола денеска беше домаќин на тимовите кои работаат на планирање и изградба на автопатот во Пелагонија што ќе ги поврзи општините Битола и Прилеп.

На работната средба учествуваа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на општинската администрација, ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг-Битола и претставник од Општина Могила, кои од проектантите од Градежен институт Македонија и претставници на изведувачот на автопатот, компанијата „Бехтел и Енка“, беа информирани присутните за предвидената траса која што ќе се реализира од влезот на градот Прилеп од страна на превојот Плетвар, до северната страна на градот Битола кај постојниот патен јазол во близина на селото Крклино.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа како ќе се реализираат активностите за време на изградбата на автопатот, односно патните јазли, премини преку автопатот од постоечките села, начинот на времен режим и пренасочување на патниците во тек на градба, начинот на изведба со увид на пресеци и детали на новопланираната состојба на трасата и останати активности во однос на организација на градилиштето.

Според договорената динамика на изведувачот, реализацијата на автопатот треба да биде завршена до крајот на 2027 година.