Доделени наградите БАФТА за 2024, главната машка улога најмногу изненади


Викендов, во Лондон, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“. 

Сара Ланкашир зема БАФТА за најдобра женска улога во ‘Happy Valley’ (Би-би-си)

„Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, “The Last of Us” и “Succession”. Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана – четири актерски и уште неколку во другите категории.

БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.