Додека сите зборуваат за скандалот во Демир Хисар, ВМРО-ДПМНЕ пак за обвинителот Коцевски


 

Во кој знае која прес-конференција по ред пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска пак заборуваше дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба да си поднесе оставка. Во исто време, партијата молчи за скандалот со обидот за приведување на носилка на директортака на средното училиште во Демир Хисар по наредба на началникот на полицијата поставен од Панче Тошковски.

Петрушевски денескa ги повтори речиси истите реченици за Коцевски.

„Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера. Главниот обвинител Коцевски не е самостоен во одлуките, тој секогаш ја има тежината од СДС врз себе, затоа што тие го спасуваа во Собранието.

Ниту еден поранешен функционер, кој беше фатен во криминал, а ги има многу, не одговара, и нема правна разрешница, затоа што на главниот обвинител Коцевски СДС му стои на глава.

Јасно е дека Коцевски ќе седи до крај, и покрај пораките од народот да си оди, тој ќе седи и ќе ги користи своите позиции за СДС. Едно треба да знаат и СДС и главниот обвинител Коцевски, народот точно знае што прават и многу јасно ја виде нивната игра. Одговорност ќе има на избори, а и потоа“, рече тој.