Добро се забавуваа во паркот во Скопје и оставија купишта ѓубре
Настанот беше добар, журката одлична, но по него остана неизмерливо ѓубре во Градскиот парк во Скопје. Утринава вработените од „Паркови и зеленило“ биле на извесен наччин шокирани од она што го оставија присутните на настанот на кој се прославуваше важна годишнина на една компанија. Зошто е тоа така треба да се запрашаат сите што беа присутни на настанот и велеа дека добро се забавувале.