До понеделник затворена крстосницата кај Собранието

Градот Скопје известува дека од сабота во 6 часот, па се до понеделник  во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај Собранието на Република Северна Македонија, односно крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, поради изведување градежни работи

Како што информираат од Градот за сообраќај ќе биде дозволено само десното вртење од улицата „Даме Груев“ кон улицата „11 Октомври“ и од улицата „Филип Втори Македонски“ кон улицата „Димитрие Чуповски“.

Автобуските од јавниот превоз поради асфалтирање на крстосницата нема да минуваат низ Рекорд туку ќе се превоз ќе се движат по улиците „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.