Повеќе улици во Илинден добија ново осветлување

Продолжува проектот за проширување и модернизација на уличното осветлување во сите населени места „Илинден-Светла Општина”. Изминативе неколку години поставени се нови линии за улично осветлување во сите населени места, а заедно со ЈКП „Илинден” ќе продолжиме со активностите со засилено темпо, сподели денеска градоначалникот Александар Георгиевски преку социјалните мрежи.
Станува збор за нови линии во должина од околу 2.120 метри, каде ново осветлување добија:
– Улиците „7“, „9“, „12“, и „30“ во населба Илинден;
– Крак од улица „500“во Марино;
– Улица 7 во Кадино;
– Дел од улиците „6“ и „18“во Јака;
– Улица 1 во Ајватовци;
– Улица 2 во Миладиновци;
– Краци на улица 2 во Дељадровци;
– Во Бучинци на улица 4, на детското игралиште и пешачката патека на Бучинско езеро.
Покрај нови линии екипите на ЈКП „Илинден“ вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови.