До 14 часот гласале речиси половина од регистрираните членови на СДСМ


Фото: Б. Грданоски

Ако се суди по одѕивот до 14 часот изборите за нов претседател на СДСМ се навистина компетентни, барем што се однесува до излезноста. Се гласа на 194 места, а до 14 часот излегле 47 отсто од членовите на партијата кои се регистрирале да гласаат – во бројки 27.248 лица. Изборната комисија на партијата соопшти дека гласањето секаде се одвива во мирна атмосфера, без никакви проблеми.

Гласањето трае до 19 часот. Има тројца кандидати за избор на претседател – Димитар Ковачевски, Фросина ременски и Јован Деспотовски.