ДНК анализата потврди дека од Дунав е извлечено телото на Матеј Периш


 

ДНК анализата потврди дека во средата од Дунав во Белград е извлечено телото на Матеј Периш, неофицијално дознава Н1.

ДНК материјалот потребен за идентификација бил земен веднаш по извлекувањето на телото на младиот човек од Дунав во Белград. ДНК е споредена со ДНК на Ненад Периш, таткото на Матеј Периш, кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година.

Токсиколошки анализи ќе се прават и во Институтот за судска медицина, а тие резултати може да се чекаат со недели.

Претставници на загрепската полиција претходно пристигнаа во Белград и со своите српски колеги разменија оперативни податоци од истрагата.

Матеј Периш се трагаше од последниот ден на декември минатата година, а познавачите на Дунав рекоа дека можно е телото дури сега да испливало бидејќи температурите се повисоки, а во Белград дувал силен ветер. Претпоставуваат дека телото се заглавило под Панчевскиот мост и затоа нуркачите не можеле да го најдат бидејќи во тие услови реката можат да ја пребаруваат само со допир.