Директорот на Универзална со поддршка на Шилегов


Филип Аврамчев, директор на Универзалната сала во Скопје, преку социјалните медиуми изразува поддршка за актуелниот градоналачник на Скопје, Петре Шиелгов, за локалните избори.

„Зедно со Петре Шилегов го започнавме процесот на реконструкција на Универзална сала. Низ огромен број разговори со граѓаните и културните работници #Заедно стигнавме до финално решение. Токму поради овие дебати, како и одредени технички проблеми задоцнивме со реконструкцијата.

Поддршката за Петре Шилегов значи веќе в година сите #Заедно да уживаме во новата Универзална сала и #Заедно да продолжиме со нови успешни изданија на Skopje Light Art District и Skopje Unplugged.

Визијата за Град Скопје како модерна европска метропола останува главен приоритет, како и добивање на престижната титулата Скопје европска престолнина на културата Skopje 2028“, пишува Аврамчев на Фејсбук.