Директорот на „Македонија пат“ не ѝ застанал на полицијата во полициски час


Фото: Б. Грданоски

Директорот на „Македонија“ пат, возејќи од Тетово кон Гостивар во полициски час, не застанал на полициски сигнал, туку продолжил. Бил престигнат од полицијата по дваесет минути, на пат кон Гостивар.

Имено, во средата, околу 21.20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4, од Законот за безбедност во сообраќајот, соопштија од МВР.

Директорот ќе треба да плати казна од 300 евра за непочитување наредби на службени лица.