Директорката во Демир Хисар доби кривична пријава за „одземање или уништување службен печат“


ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола денеска поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.

-Пријавената во периодот од 6.8.2025 до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор со одлука од страна на општина Демир Хисар од 5.8.2025, информира МВР.

Кривичната пријава уследи по обидот за насилно одземање на печатите од директорката, иако се покажа дека тие ме биле земени, туку биле во сеф во училиштето. целата драма што деновиве ја следеше јавноста во Македонија е резултат на намерата на власта да си стави своја директорка во ова училиште пред изборите за да може да спроведе дополнителни партиски вработувања.