Директори годинава продале акции од нивните компании за рекордни 69 милијарди долари


NEW YORK, NY - JUNE 21: Traders and financial professionals work on the floor of the New York Stock Exchange (NYSE) ahead of the closing bell, June 21, 2019 in New York City. U.S. stocks finished down slightly at the close on Friday but are still on pace for a strong month. (Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Извршните директори на најголемите американски компании продадоа акции во износ од рекордни 69 милијарди долари во 2021 година, поради претстојното зголемување на даноците и високите цени на акциите.
Од Сатја Надела во Мајкрософт до Џеф Безос и Елон Маск, извршни директори или основачи заработија од своите акции со најбрзо темпо досега. Од 1 декември, продажбата на акции се зголеми за 30 отсто во споредба со 2020 година на 69 милијарди долари и за 79 отсто во однос на 10-годишниот просек, според InsiderScore / Verity, при што е исклучена продажбата на големите институционални сопственици.

Според CNBC, продажбата веројатно ќе се забрза уште повеќе бидејќи декември често е активен месец за продажба поради даночното планирање.
– Зголемувањето на вредноста на продажбата на акции во 2021 година може да се припише на влијанието на неколку фактори, а главен двигател се историски високите вредности на акциите, рече Бен Силверман, директор за истражување во InsiderScore / Verity. Присуството на „супер продавачи“ во текот на периодот помогна да се зголеми вкупната продажба.

Ова го поткрепува и фактот што извршниот директор на Tesla, Елон Маск, досега продаде акции во компанијата за речиси 11 милијарди долари, откако ги праша своите следбеници на Твитер дали да продаде или не 10 отсто од својот удел во тој производител на електрични автомобили.
Маск од 8 ноември продал вкупно 10,11 милиони акции, што е повеќе од половина од сумата што ветил дека ќе продаде, пренесува Ројтерс.

Последната продажба вредна 983,4 милиони долари е реализирана на 2 декември.

Лидерот на „Тесла“ на 6 ноември објави дека ќе продаде 10 отсто од својот удел во компанијата доколку за тоа гласаат корисниците на Твитер.
Тој поседуваше, комбинирано преку доверба и берзански опции, вкупно околу 244 милиони акции на „Тесла“, со што неговиот сопственички удел во компанијата на 30 јуни достигна околу 23 отсто. Во таа сума се вклучени 170 милиони акции кои ги поседува неговиот труст.

Ројтерс забележува дека Маск во анкета на Твитер не прецизирал дали има намера да продаде 10 отсто од акциите што се индиректно во негова сопственост или дали продажбата ги вклучува неговите опции за акции. Опцијата за акции претставува привилегија на вработените во компанијата да ги купат акциите на компанијата по поповолна, однапред договорена цена во одреден временски период или на одреден датум. Договорите за опции губат вредност и сите опции истекуваат по одреден временски период.

Маск се уште има опција да купи дополнителни 10 милиони акции по цена од 6,24 долари по акција, која истекува во август следната година.