Дино Имери со концерт со Софиската филхармонија- ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн
Македонскиот музичар и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија.
Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина Владовска, Мартина Митева и Мирослав Димов.
Имери изјави дека ова е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на РСМ, беше и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.
Во текот на вчерашниот ден, Имери го посети и КИЦ на РСМ во Софија.