Дина Јашари го отвора концертот на „Масив атак“ на Скопје колинг 2025 на 28 јуни

Дина Јашари ќе го отвори концертот на MASSIVE ATTACK како прв концерт од овогодинешното издание на Skopje Calling 2025 на 28 јуни на Стадион на АРМ, соопшти организаторот „Авалон“.
„Претставник, а некои би кажале и лидер на новиот македонски музички бран, добитник на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ” во 2022, харизматичната кантавторка и продуцентка Дина Јашари цврсто го зазеде своето место под регионалното музичко небо и сосема заслужено ќе настапи пред Massive Attack, велат од „Авалон“.