Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Ниедна земја не може да ни диктира кој е нашиот јазик и идентитет, рече Никола Димитров во Стразбур

Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре на покана на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа, се наведува во соопштението на МНР, претставува и одржувањето на редовните годишни состаноци во овој формат, помеѓу министрите за надворешни работи на В4 и Западен Балкан.

Овогодинешниот состанок во Братислава се одржува во рамките на словачкото претседателство со Вишеградската група.

Темите кои ќе бидат предмет на дискусија на состанокот се унапредувањето на реформскиот и евроинтеграциски процес на земјите од Западен Балкан – научените лекции, а ќе се разговара и за заедничката европска иднина во новиот геополитички контекст.