Димитров ја пречека Фон дер Лејен на аеродромот во Скопје


– Добредојде во Северна Македонија за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен!, напиша вицепремиерот Никола Димитров на неговиот Фејсбук профил.

– Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, објави Димитров.