Димитров и Ѓоковиќ со хуманитарен меч во Софија
Бугарскиот најдобар тенисер Григор Димитров и поранешниот машки светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ ќе се соочат во хуманитарен натпревар. Средбата е денеска во 19 часот македонско време и ќе се одржи во салата „Арена Софија“ во главниот град.
За Ѓоковиќ, кој е 24-кратен Грен слем шампион, а годинава стана и олимписки шампион по златото во Париз, ова ќе биде прв настап на бугарско тло, иако во неофицијален натпревар. 37-годишниот Србин ќе ја заврши сезоната без слем титула за прв пат по 2017 година и е во опасност да не влезе меѓу осумте најдобри за финалето во Торино. И тој и Григор кој е десеттопласиран имаат шанси да бидат меѓу осумте најдобри. Џоковиќ неодамна изјави дека квалификациите за завршниот Мастерс не биле меѓу неговите приоритети.