Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка
Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот, порача денес генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на прес-конференција.
Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката.
-Од мај 2025 година тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност? – рече Димитријевиќ.
Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред.
-Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек – рече Димитријевиќ.
Тој исто така предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци.
Според него, опозициската СДСМ шири хистерија, и како што кажа, граѓаните да не се грижат и да бидат спокојни затоа што Народна банка го администрира целиот процес.
-Ги видов тезите на СДС, вчера ги видов и законите, ги видов и фактичките ситуации, ги видов и документите од Народна банка. Сметам дека денес треба да дадеме детална експликација, бидејќи секако постои загриженост кај граѓаните и бидејќи најголемата опозициона партија со денови ја држи таа тема и бесрамно лаже и продуцира факти коишто се далеку од вистината. Нормално е дека че има паника меѓу граѓаните кога пред само шест години во државата при вака организиран систем, преку ноќ пропадна банка во којашто штедните влогови и парите на граѓаните ги обештети самата држава, бидејќи ништо повеќе од тоа не направи Народната банка или владата во тој момент, освен што прогласи стечај на банката, кажа Стојаноски.
Стојаноски нагласи дека Народна банка превенирала се со цел клиентите коишто имаат сметки во Алта банка да бидат целосно неоштетени.
-Што е различно од Еуростандард банка и од Алта банка во овој момент? Тогаш Народната банка прогласи дека ја одзема лиценца и ја однесе веднаш во стечај без притоа да направи ништо за да ги заштити парите на граѓаните или, барем, да понуди банката да ја купи друг сопственик, како што би било нормално. Сега Народната банка, и покрај тоа што се работи за посебно лице, Алта банка Србија и Алта банка Македонија, заради превенција ја презема банката и го администрира целиот процес, за да можат сите клиенти и сите оние коишто имаат сметки внатре во Алта банка Македонија да бидат неоштетени и да можат, додека таа банка не добие нов сопственик, во тој транзиторен период да немаат никакво оштетување. Ниту према своите штедни влогови, ниту према обврските и да можат своите обврски кон банката целосно и секојдневно да ги извршуваат, рече Стојаноски.