Димитриевски: Куманово нека го направи својот избор


Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим
Димитриевски, заедно со неговата сопруга Надица Димитриевска денеска го
остварија своето право на глас.

„Јас гласав и ја извршив мојата граѓанска одговорност. Куманово по
сопствено убедување нека го направи својот избор. Посакувам демократски
избори и можност граѓаните самостојно да одлучат“, рече Димитриевски.