ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за изборите

ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за престојните локални избори. Иако како што веќе информираа голем дел од нив се потврдени, но има и неколку во Скопје односно Скопски Аеродором кои дополнително чекаат потврда.
Отфрлени се во некои места и одредени советнички листи кај кои не е запазена во целост процедурата. ДИК и натаму тековно ќе информира кога целиот процес ќе бие завршен и сите кандидатури ќе бидат потврдени.
– Државната изборна комисија се очекува во среда да има и седница а во четврток ќе биде жрепката за редоследот по кој канидатите за градоначалници и советничкит листи ќе се најдат на гласачкото ливче.
И во овој изборен процес остануваат во избирачкиот список одредени места каде има поголем број на избирачи отколку жители како што се Дебар и Центар Жупа. Сепак во последните локални избори во Дебар беше постигнат потребниот цензус а во Општина Центар Жупа, на изборите во октомври 2021 потребниот минимален цензус од 33 отсто излезност не беше обезбеден. Поради тоа со одлука на Владата, градоначалникот беше именуван за повереник за надлежностите, до спроведување на вонредните избори, на кои тој го обезеди вториот мандат.