ДИК: Излезноста до 17 часот надмина 41 отсто


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Државната изборна комисија, до 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава.

Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547.048 граѓани.

Право на глас на овие избори имаат 1.824.864 граѓани.

Засега процесот на гласање оди во најдобар ред, а на некои гласачки места отежнато поради проблеми со апаратите за отисок од прст.

Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

Од ДИК најавуваат и дека гласањето ќе биде продолжено и во оние места каде имаше прекини, од кои најдолгиот беше од 2 часа и 55 минути.