Диџеј Армин ван Бурен со концерт за паметење во Битола – десетилјадна публика уживаше шест часа

Синоќа на Градскиот стадион “Петар Милошевски” под Тумбе кафе во Битола харизматичниот холандски диџеј и продуцент Армин ван Бурен приреди спектакл на кој емоциите се среќаваа со енергијата на музиката, при што публиката доживеа емотивно патување со сите сетила.
Концертот во рамки на Бит фест кој траеше повеќе од 6 часа, претставуваше целовечерна програма со ДЏ сетови на која, покрај Armin Van Buren, настапија артистите Laura Van Dam, Cyrillic и Sempre.
Фото: Општина Битола-официјална страница на ФБ